речник контакт

На железничка станица во Велес откриени бегалци

По бројните несреќи, бегалците од Блискиот исток се вратија на превоз со железница, наместо пеш по пруга. Новина е што побарале азил во Македонија

Петар Печков

Утрово во 7 часот, на железничката станица во Велес била откриена  нова група на бегалци од Блискиот исток. Станувало збор за група од 20-тина лица. Тие се превезувале со утринскиот воз од Гевгелија за Скопје, со регуларно купени билети. Откако се откриени,  биле симнати од возот. 

Подолго време бегалците одеа по пругите на железница, но откако за две седмици,  се  случија пет несреќи со седум починати емигранти, тие се вратија на посигурен превоз, со воз. Од полиција го потврдија настанот.

Сите бегалци кои беа откриени во возот на МЖ утрово во Велес, побараа азил во Македонија. Превезени се во кампот во Визбегово – изјавија од МВР.

Ова е новина што бегалците бараат азил во земјава оти досега имаа желба да стигнат до земјите на ЕУ.  Прашање е како и каде ќе бидат сместени оти во кампот за азиланти во Визбегово, оти тој   има капаците од 150 лица. а бројката на бегалци е секој ден по толку.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »