речник контакт

На железничкиот премин кај Порцеланка, комбе кое превезувало патници, удрено од дресина

Повредени се 12 патници, меѓу нив и две деца, повеќето од село Мелница,. Сите минале со полесни повреди

Петар Печков

Околу пладне  железничкиот патен премин кај фабриката Порцеланка, патничко комбе беше удрено железничко товарно возило „дресина“.  Од СВР Велес соопштија дека  во сообраќајката учествувало такси возило  комбе „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на такси компанија од Чашка, а управувано од Д.Ј.(52) од Чашка. Во несреќата повредени се 12 лица, од кои две се деца. Со три екипи и возила на Итната помош пренесени во Велешка болница. Минале со лесни повреди.

„На одделението за ортопедија и хирургија беа донесени 12 лица, 10 возрасни и две деца. Кај сите пациенти се направени испитувања, рендгенски, лабораториски.  Констатирано е дека немаат скршеници, немаат животно загрижувачки повреди. Тоа се нагмеченици, набиеници. ќе останат денес на опсервација и очекувам дека утре ќе бидат пуштени дома“ - кажа дежурниот хирург д-р Ванчо Граматов.
Комбето сообраќало на линијата Велес- Мелница, од каде се и повеќето од 12 повредени.  

„Во целата несреќа среќна околност е што си патници минале со полесни повреди. Превозникот е лиценциран, кој го работи меѓу општинскиот сообраќај помеѓу Велес и Мелница и обратно. Повредените повеќето  се од Мелница и двајца  Чашка, кои се враќале дома. Овие што се тука на местото се многу вознемирени“- кажа градоначалникот Горан Стојановски.

Сообраќајната несреќа  се случила на обезбеден железнички премин, означен со хоризонтална сигнализација и сообраќаен знак „Андреин крст“.  Машиновозачот на дресината  објаснува дека кочел, но не можел да се избегне ударот, во задниот лев дел од комбито.

„Веднаш кога го видов, дека е на преминот почнав да кочам. Тој не ни погледа кон мене. Возеше полека, оти преминот е издигнат. Бев скоро и сопрен, ги го удрив со предниот дел. Кочев околу 200 метри а моторот за да сопре му се потребни 400 метри“ - кажа Зоран Митровски  машиновозачот.

На местото на сообраќајката извршен е увид од страна на екипа на СВР Велес.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »