речник контакт

На излет на планина

Планинарските домови Чеплес и Папрадиште преполни, заапочна сезоната

Петар Печков

Убавото пролетно време ги наполни планинарските домови Чеплес и Папрадиште. Бројни гости од Скопје и Велес ги освоија сместувачките капацитети изминатиот викенд, со што неофицијално се отвори новата сезона. Најчести гости во овој дел од годината се млади, студенти, друштва кои решиле наместо во големиот град, слободното време да го минат во природа. Така по долгиот зимски сон оживеаја  планинарските домови во Азот, сместени на планината Јакупица и  Баба.  

Топлото време не изнесе од домовите и решивме да заминеме до Чеплес.  Времето беше пријатно, вегетацијата разбудена, така што со друштвото минавме пријатен викенд. Имаше многу гости а имавме можност и да прошетаме по околината – вели  скопјанката Лидија.

Таа престојуваше  во Планинарскиот дом Чеплес сопственост на ПД Солунска Глава.  Тој се наоѓа на надморска височина од 1.450 метри и има 51 кревет. Цената на ноќевање е 180 денари. Од него бројните гости најчесто се упатуваат во освојување на врвот Солунска Глава висок 2.540 метри, но и  до изворите на реката Бабуна.  За наредниот период домот е веќе пребукиран за викендите, за  Прва мај и Велигден, така што слободно место може да се најде дури после 15-ти мај. Слична е состојбата и со Планинарскиот дом во селото Папрадиште. И тој е полн  со гости.

Се решивме да минеме викенд во Папрадиште оти може да се стигне до домот со автомобил.  Селото веќе се полни, доаѓаат и мештаните, пензионерите, така што  има луѓе. Пријатно е. Посебно убава е сега природата, која е расцутена и раззеленета. Викендот ги наполнивме потрошените батерии и се вративме дома задоволни – вели  Никола студент од Велес. 

Домот кој е на надморска височина од илјада метри,  има 30 кревети а цената за престој е 200 денари. Тој е сопственост на ЕГ Зелена сила. И од нив доаѓаат најави дека во наредниот период  има побарувања за престој во викендите. Посетителите кои доаѓаат тука задолжително ја посетуваат црквата Св. Петар и Павле  но  не ја пропуштаат можноста да го посетат Марков камен, каде според преданието Крале Марко кога шетал оставил белег на  камен.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »