речник контакт

На крводарителска акција во Градско собрани 69 крвни единици

Од дарителите, четворица даруваа за прв пат

Петар Печков

На денешната крводарителска акција, крводарителите од Градско и околните населени места покажаа висока хуманост.

Во општината која брои околу 3.500 жители собрани се  69 крвни единици, што е одлична бројка и висок процент на дарувања во однос на бројот на жители.

Од дарителите четворица даруваа за прв пат и станаа дел од најхуманото семејство во земјата.

Крводарителската акција заеднички ја организираа ОО на Црвен крст Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје помогнати од Општина Градско. 

Следна крводарителска акција е на 25-ти април, во Велес, која е во организација на МК „Носачи на крстот“.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »