речник контакт

На крводарителската акција на МК ,,Носачи на крстот,, собрани 153 крвни единици (фото)

Ова е најуспешна крводарителска акција годинава

Петар Печков

На вчерашната крводарителска акција, организирана од Мото клубот „Носачи на крстот“ од Велес, беа собрани 153 крвни единици. Таа се одржа по повод  9-ти Ноември Денот на Општината, годинава по 12-ти пат.  Од  вкупно собраните 153 крвни единици, 124 единици се од дарители  мажи, а 29 жени, додека 13-мина лица за прв пат дарувале  и станаа дел од најхуманото семејство.

Најуспешна крводарителска акција организирана од МК ,,Носачи на крстот,,  изминатите години е таа од 2013-та кога се собраа 177 крвни единици а минатата година беа собрани 137. 

Акцијата се одржа во Ликовниот салон, а беше организирана заедно со Општинскиот Црвен крст на Велес и  Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.  Од нивна страна голема благодарност до крводарителите за покажаната хуманост. Оваа крводарителска акција  според Општинскиот црвен крст е најмасовна годинава во Велес , бидејќи на летната беа собрани 161 крвна единица, но во два дена. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »