речник контакт

На крводарителската акција за 9 Ноември собрани 158 крвни единици

Акцијата ја организираше Мото клубот „Носачи на крстот“

Петар Печков

Успешно се реализираше  денешната  крводарителска акција, која се организираше  по повод 9  Ноември, Денот на Општина Велес.  Таа се одржан 15 година  по ред. Крводарителите одново ја докажаа хуманоста, даруваа 158 крвни единици, од нив петмина се  првократни дарители.  Рекордна е акцијата беше  во 2013 кога беа собрани 177 крвни и единици.

Крводарителската акција заеднички ја реализираа ОО Црвен крст на Велес, Мото клубот Носачи на крстот и Општина Велес, со екипи од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Таа беше изведена во Ликовниот салон и траеше од 8 до 16ч. а крв се даруваше на 10 кревети, со што се избегнаа редици од чекање.

До крајот  на месец октомври  во Велес  и соседните општини Градско и Чашка, собрани се 2936 крвни единици а планот е 1861. Досегашниот одѕив е повисок  од истиот период лани. До крајот на година има уште неколку крводарителски акции.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »