речник контакт

На крводарителската акција на „Носачи на крстот“ собрани 103 крвни единици

Акцијата се одржа по повод 9-ти Ноември, Денот на Општината

Петар Печков

На денешната  крводарителска акција, организирана од Мото клубот „Носачи на крстот“ од Велес, беа собрани 103 крвни единици. Таа се одржа по повод  9-ти Ноември Денот на Општината, годинава по 13-ти пат. 

Од  вкупно собраните 103 крвни единици, 79 единици се од дарители  мажи, а 24 жени, додека две лица за прв пат дарувале  и станаа дел од најхуманото семејство.

Најуспешна крводарителска акција организирана од МК ,,Носачи на крстот,,  изминатите години е таа од 2013-та кога се собраа 177 крвни единици а минатата година беа собрани 153.

Акцијата се одржа во Ликовниот салон, а беше организирана заедно со Општинскиот Црвен крст на Велес и  Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. 

Општинскиот Црвен крсt изразува голема благодарност до сите што дeнес се решија да дарувааt крв, во услови на светска пандемија на ковид-19 и се применуваа сите стандарди и процедури согласно состојбата во која се наоѓаме.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »