речник контакт

На митинзите може и да се спечали

Досетливите велешани најдоа начин да заработат на местото каде политичките партии ги објаснуваа своите програми. Балони, шеќерлемиња, музика, тоа беше дел од понудата изминатите три седмици

Петар Печков

Митинзите на политичките партии освен што се место од каде се  испраќаат политички пораки и се мегдан за пресметки, тие се место каде може да се заработи. Тоа го знаат неколкумина велешани, кои се дел од декорот на овие собири, не само во Велес туку и пошироко. Не се познати естрадни ѕвезди, туку обични луѓе.

Едни продаваат балони, други свират а трети нудат шеќерлемиња и семки. Изминатите дваесетина дена, колку што треа кампањата,  тие го закрпија скромниот домашен буџет, со печалење на  политичките говори. Надалеку познатите `Рзиовци   ги развеселуваа присутните на сите митинзи, без исклучок. Триото Усеинови,  две зурли и еден тапан ја подгреваа атмосферата пред  да започене официјалниот дел.

Работиме за пари, сите не знаат во Велес.  Не канат, ќе отсвиреме неколку  ора, ќе ја забавуваме публиката и потоа дома. Колку се задоволни, зборува и тоа што свиревме и на митинзи во околината на Велес, но и во Свети Николе. Значајно е што никој не ни останал должен. Ние сме загревање на говорите на лидерите или предгрупа на познатите македонски пеачи, кога тие настапуваат – вели Левен Усеинов.

Тие никогаш не се на сцената,туку доле  меѓу народот. На нивната свирка, по некој запален член знае да залепи и петстотка, ретко илјадарка. `Рзиовци објаснуваат дека тоа било за впечаток на присутните. Петчленото семејство Асанови пак нуди балони.

За секој митинг дуеме балони во различна боја. Се продава по малку,  капнува по нешто , но и тоа е повеќе од ништо. Најмногу потрошивме  во неделата на митингот на ВМРО во Скопје. Цел ден претходно дома сите работевме, да надуеме што повеќе. Мораме да се снаоѓаме, парите се добредојдени, па и децата ги вклучивме. Внимаваме која е бојата на партијата,  да не се случи да  згрешиме, па да имаме проблеми, а тоа досега не било  – обајснува Сафет Асанов.

Освен балони тие продаваат и знаменца на Република Македонија. Се пожали, дека во гужвата некој од присутните  додека минувале, знаел да дупне од балоните, па да имаат и зијан а не ќар.  Такви проблеми нема  единствениот велешки бомбонџија Пампурот.

За шеќерлемињата нема зима. Сите сакаат да вкусат, да се заблажат. Тоа го прават и политичарите, нема некој што не купил од мене. Ќе додјат, ќе направат муабет и купат, најчесто  бомобини и ќе заминат. Присутен сум на сите митинзи од 90-тите наваму. Немам пропуштено. Не е голема заработувачката на фала Богу, колку толку има  - вели Мемет Пампуров.

Тој ги препознава лицата кои доаѓаат на митинзите, некои постојано врзани со една партија- верни на неа, други на сите митинзи - тие кои сакале да слушнат што се нуди,  а трети  секоја година на различен митинг, во зависност од тоа каде  преминале.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »