Петар Печков
Објавено: вторник, 17 мај 2022
Пронајдено е тело на мостот кај Ногаевци. Телото кое било во лоша состојба го пронашле локалните мештани и пријавиле во полиција., Тоа се случило вчера околу пладне. За денес е најавено негово извлекување од реката Вардар. Телото не може да се идентификува ниту има знаци дали е маж или жена. Настанот го потврдија и од СВР Велес.
За да биде идентификувано ќе се проверува листата на исчезнати а пријавени лица или пак со ДНК препознавање со некој од блиските, доколку се јават а се сомневаат дека тоа е нивен близок.
Tweet |