речник контакт

На нашето Министерство за здравство ич не му текнува

Заводот за јавно здравје во рамките на кампањата на Министерството за здравство ги повика Британците на редовен секс. Во сексот со полна енергија и фантазија се ослободува голема количина ендорфин, односно хормон на среќа.

Зоран Николов

Британците би биле многу поз?рави кога многу често и страствено би се впуштале во сексуални активности, се вели во пораката во која британскиот Завод за јавно здравје во рамките на кампањата на Министерството за здравство ги повика Британците на редовен секс. \\\"Сексот е мешавина од емотивно празнење и физички вежби, па може да сузбие голем дел од срцевите заболувања, па дури и карциномот\\\", тврдат претставници на Заводот и додаваат дека во сексот со полна енергија и фантазија се ослободува голема количина на ендорфин, односно хормон на среќа. Сепак, некои научници не мислат така. Сексологот Мелиса Саер изјави дека иако е докажано оти сексот позитивно дејствува на менталната состојба, сепак е претерано да се тврди дека тој е во директна врска со намалувањето на ризикот од срцеви заболувања или рак. Avizo MC

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »