речник контакт

На неколку дена до крајот на годинава, продолжува вакцинацијата против сезонски грип

Во „Мој термин“ понудени и потрошени 210 термини за бесплатна вакцинација против сезонски грип

Петар Печков

Во последните денови од годинава, се уште и интензивно трае вакцинацијата против сезонскиот грип. За оваа седмица, за три дена, заклучно до среда,  пациенти од Велес, преку „Мој термин“, добиле 210 термини за  бесплатна вакцинација, кои за кратко време матичните доктори ги потрошиле.  

Иако сме далеку надвор од календарот за вакцинација, таа продолжува и за истата има голем интерес, поради потребите на одредени категории граѓани. Доделените термини за бргу се потрошија во петокот попладне - вели матичен доктор од градот.


Досега  во Велес беа доделени околу илјада бесплатни  вакцини за сезонски грип, четиривалентни, француско производство. Неа можеа да ја добијат постарите лица над 65 години, деца на возраст од 6-59 месеци, лица постари од 6 месеци со хронични болести, бремени жени и здравствени работници.

Комерцијална вакцинација во Велес, која ја спроведуваше Центарот за јавно здравје, траеше два дена, во средината на декември, за колку време се потрошија 400 добиени а цената беше 800 денари.  Така досега заедно со новите овонеделните вакцини, вкупно 1,6 илјади велешани добија можност да се вакцинираат против грип.

Овој период е забележана најмала регистрирана бројка на заболени од грип во изминативе години. Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ),  ги презентираа податоците заклучно со 20-ти декември,  за состојбата со грип  сезона 2020/2021.  

Вкупниот број на заболени изнесува 323 лица  во земјава, што е  51,8% помалку во споредба со истиот период минатата сезона. Најмногу пријавени случаи од страна на матичните доктори во декември има во Дебар 54 лица.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »