речник контакт

На општината и биле одземени и ингеренциите и во образованието, во средното Хемиско училиште

Градоначалникот Колев соопшти дека министерот за образование ја потпишал одлуката за нов директор во ова училиште

Петар Печков

Пред половина година одземени биле и ингеренциите во образованието на Општина Велес, врз средното Хемиско училиште „Димитрија Чуповски“. За оваа состојба зборуваше градоначалникот Марко Колев, на денешната прес конференција.

„Ингеренциите ни беа одземени за да се заштити тогашната директорка Маја Хеско. За ова училиште имаме ревизорски извештај, за кој по неговото читање, човек може само за глава да се фати, што таму се случувало и се работело.  Пред неколку дена од страна на министерот имаме одлука за назначување на  нов директор во оваа образовна институција, избран на конкурс, одлука која ја поздравувам. Знаев дека министерот ќе постапи вака и нема да ја повтори грешката од пред шест месеци, тоа се фактите. Тој ја исправи грешката. Тоа во пракса значи дека во Хемиското имаме нов директор Петре Жабев. А претходната директорката за која има ревизорски извештај, има кривична пријава и постапка е разрешена“ - соопшти Колев.   

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »