речник контакт

На патарина Сопот уапсени три лица, кои превезувале стотина килограми марихуана (фото)

Лицата при бегство оштетиле полициско возило и метален столб за осветлување

Петар Печков

Вчера, вторник, попладне околу 15 часот, на наплатна рампа Сопот, на автопатот делница Скопје - Велес, МВР уапсила три лица кои превезувале стотина килограми марихуана. Во акцијата учествувале повеќе одделенија на полицијата. При бегството на уапсените биле оштетени полициско возило и  метален столб за осветлување.

На наплатната станица Сопот на автопатот „Пријателство“ од страна на полициски службеници биле преземени мерки и активности да се запре возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки управувано од  Ј.Б., а како сопатник бил неговиот брат С.Б. од село Горно Блаце, но  возачот не застанал и се обидел да избега, при што оштетил полициско возило и срушил метален столб на ЈП за државни патишта. По дополнително преземени мерки, возилото е запрено и при тоа се лишени од слобода двете лица, а при извршениот преглед во возилото и во багажниот се пронајдени вреќи во кои имало околу 100 килограми марихуана. Исто така, приведен е и М.И. од Визбегово, кој имал задача да го обезбедува транспортот на дрогата како т.н. „чистач“. При претрес во домот на Ј.Б. е пронајдена една полуавтоматска пушка, за што исто така ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело - соопштија од МВР.  

Од МВР велат дека истрагата продолжува и се проширува и во координација со Основно Јавно обвинителството -Велес преземаат дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на вмешаност  на други лица во вршење на кривичното дело.

Трите уапсени лица МВР ги доведува во врска со неодамна уапсените двајца кумановци, чиј  камион падна на 9-ти ноември, во провалијата кај Ветерско, на автопатот Скопје - Велес, при што беше пронајдена марихуана во количина од 34кг. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »