речник контакт

На питијадата во Велес се изедоа 55 илјади пастрмајлии

Изедени се 55 илјади пити и 17 тони вино, а во градот допатувале 50 илјади гости

Петар Печков

Питијадата го раздвижи заспаниот Велес, три дена се живееше за оваа манифестација. Се врати и старото корзо. За овој период, според организаторот изедени се  55 илјади  пити и 17  тони вино, а во градот допатувале 50 илјади гости. 

Бројните звучни имиња од македонската  поп и  фолк естрадата како и хрватскиот рок бенд Прљаво казалиште, привлекоа гости од различна возраст. Имаше од и за секого по нешто. Така се промовираше локалниот бренд,  велешката пита пастрмалија. Нејзе мошне илустративно ја опиша актерот Васил Зафирчев.

Кога туристот ја посетува Италија, кога сака да се храни, бара пица ,,Наполитана,,. Кога доаѓа во Македонија бара пита пастрмалија. А неа ја има во Велес -  објасни  Зафирчев. 

На неа имаше 32 штанда, 24 ресторани и 8 винарници. Се организираше и велосипедска оф роуд трка, на која учествуваа повеќе од 200 велосипедисти од земјава и гости од Ниш. Тие возеа по селски, земјени патишта, минеа преку висечкиот дрвен мост на Вардар кај Железничката станица Рајко. За сите што ја извозеа делницата  до селото Сопот и назад од 35 км, по пет часа возење, награда беше велешка пита.

Годинава Велес Питијадата ја преобрази од локална во национална манифестација. Останува во годините што следат да останеме на оваа позиција и да вложиме напори да ја направиме уште поквалитетна – рече Мартин Мајсторов портпарол на општина Велес, која беше организатор

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »