речник контакт

На површините на Бела вода, Британската амбасадата и бизнис заедницата засадија млади садници багрем

Извршено е пошумување на 5 хектари површина

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, четврток на површните кај велешани познати како Бела Вода, се изврши пошумување на површина од 5 хектари со 13 илјади садници.  Тоа се внимателно одбрани видови на автохтони дрва за секоја површна. Вчерашната кација  беше изведена од страна на Британската амбасада и бизнис сектор од Македонија.

„Бизнис заедницата има клучна улога во справувањето со предизвиците што ги носат климатските промени. Ми претставува задоволство да им се придружувам на претставниците од ЈП Национални шуми, како и на бизнис заедницата од Северна Македонија во Велес, да го помогнеме пошумувањето на оние подрачја каде е најмногу потребно".- изјави  Метју Лосон амбасадор на Британија во Скопје.   

Засадувањето е дел од  прославата на 70-тиот платинест јубилеј на Нејзиното Височество Кралицата Елизабета Втора која е договорена со ЈП Македонски шуми во март месец годинава.  По  тој повод, Велика Британија започна уникатна иницијатива за садење дрвја наречена "Зелената крошна на кралицата (QGC)" да засадат дрво за јубилејот.

Со иницијативата беа поканети компаниите да се приклучат и да го поддржат садењето на садници во различните области  во Македонија предвидени за пошумување. На вчерашното пошумување присустуваше и директорот на скопски „Алкалоид“ Живко МЈукаетов.

На овој повик се одѕвале повеќе компании и донираа садници, Алкалоид 2500 садници од јавор, НЛБ банка 2500 садници од багрем, ДЕНИ интернационал 2500 садници од бел бор, Шпаркасе Банка 2500 садници од багрем , КИНЕ И НАГЕЛ ДООЕЛ ДООЕЛ Скопје 2500 садници од бел бор и со тоа дадоа свој придонес во реализација на оваа заедничка кампања.
 
Вчера во близината на Велес се одржа симболичен почеток на оваа акција на површина од 26 ха, со која стопанисува подружницата Бабуна –Велес. Се работи за деградирана ерозивна површина која во наредниот период ќе се пошумува со садници од јасен, јавор и багрем.

„Шумите имаат клучно значење за ограничување на глобалното затоплување на 1.5 степени и прилагодување на климатските влијанија“- кажа амбасадорот Лосон, Тој изрази благодарност до бизнис заедницата за искажаниот интерес и поддршка. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »