речник контакт

На полигонот Криволак се гради писта за беспилотни летала, монтажна ковид болница и 33 км патишта (фото)

Големата воена вежба „Одлучен удар 21“која треба да започне на 17-ти мај. со учество на околу 1,5 илјади војници од САД, Бугарија, Грција и Македонија

Петар Печков

Монтажна болница за ковид случаите со 70 кревети, патишта во должина од 33 км, полетно -слетна писта за беспилотни летала се градат на Армискиот полигон  Криволак. Тоа е подготовка за големата воена вежба  „Одлучен удар 21“која треба да започне на 17-ти мај. На неа  најавено е учество на околу 1,5 илјади војници од САД, Бугарија, Грција и Македонија.

Денес во посета и убив на работите беа министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и амбасадорката на САД во Скопје Кејт Брнз.  

„Од Криволак создаваме полигон, кој нема да има само регионална вредност, туку и за Алијансата.  Сите овие активности кои тука се случуваат се резултат на сојузничката работа, на македонски војници и офицери и на американските инженерци. Ова се ресурси за секоја следна вежба, размислуваме долгорочно. Овој полигон ќе донесе резултати и за локалната економија но и за нашата држава како најнов член на Алијансата“ - кажа министерката Шеќеринска.

Армискиот полигон „Криволак“ е големо градилиште,  каде се работи на пет проекти. До-12 мај треба да бидат  завршени полетно -слетната патека за беспилотни летала, магацин за складирање на мети,  подвижни и неподвижни мети за гаѓање и  патна инфраструктура и дополнително монтажна болница за ковид случаите.  Нив  заеднички ги градат македонскиот  инженериски баталјон и 15-тиот  инженериски полк од Вооружение сили на САД, кој брои 142 лица со бројни возила, инженериски машини, потребни за работа.

„Импресионирана сум од напредокот кој го покажаа инжинерците од двете земји, во последните два месеци.  Благодарна сум на министерката Шеќеринска што го препозна потенцијалот на овој полигон  и да се развие за  потребите на НАТО“ - рече амбасадорката Брнз.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »