речник контакт

На половина година исполнет годишниот план за крводарување во Велес

Во денешната вонредна акција собрани 45 крвни единици

Петар Печков

По половина година, крводарителите од Велeс и велешко, го исполнија  годинешниот план за крводарување. Со денешната крводарителска акција е исполнет планот за 2022-ра година, кој изнесува 1.961 крвна единица и се однесува и за соседните општини Чашка и Градско.

„Ова беше вонредна крводарителска акција поради потребата од крвни единици која е доста изразена во летните месеци. Денес на вонредната акција крв даруваа 45 лица, од нив двајца прв пат“- кажа Орце Николов секретар на ОО на Црвен крст - Велес.

Акцијата се изведе во Ликовен салон, а ја организираа  Црвен крст Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Општинската организација на Црвениот крст од Велес со години наназад се вбројува во една од најдобрите на планот на крводарителството на републичко ниво. 

Минатата таа се најде на третото место со  собрани 3.677 крвни единици или 202% реализиран план .  Претходно две години по ред во 2018 и во 2019 година е рангирана на прво место, во 2020 на второ.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »