речник контакт

На првата крводарителска акција во православен храм во Велес, собрани 50 крвни единици

Акцијата за крводарување „Да спасиме живот“ се одржува во чест на празникот 24 мај на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј

Петар Печков

Ha вчерашната крводарителска акција одржана во црквата Св. Кирил и Методиј  во Велес беа собрани 50 крвни единици, од нив седум се првократни дарители. Ова е прва крводарителска акција одржана во православен храм. 

„Успешно е реализирана првата крводарителска акција во организација на Повардарската епархија, која се одржа во црквата „Св. Кирил и Методиј“. Сите дарители со своето хумано дело придонесоа за спасување на човечки животи“ – соопшти Орце Николов секретар на ОО Црвен крст Велес 

Акцијата за крводарување „Да спасиме живот“ се одржува во чест на празникот 24 мај на сесловенските просветители,  Св. Кирил и Методиј во административните простории на оваа црква

Акцијата е заеднички реализирана со ОО Црвен крст Велес,  Повардарската епархија МПЦ –ОА  и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Фото ОО Црвен крст Велес

АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »