речник контакт

На работилница во куќата на Касапови, се создаваат скулптури од метал

Учествуваат четворица автори, сите од Македонија

Петар Печков

Во Велес во тек е вајарската работилница, која се одржува во куќата на Касапови. Четворица автори таму ќе творат осум дена. Нивните дела ќе бидат поставени следната година на јавните површини во градот.   

„Се создаваат дека кои ќе кореспондираат со просторот каде ќе бидат поставени. Се работи во три фази, првата е тука, се работат скици, идеи, се разговара за како скулптурата да функционира во простор. Потоа авторите ги завршуваат дома и на крај каде да се постават, на кој јавен простор. Годинава темата е фигурација, која е полесно прифатлива од граѓаните. Се работи скулптури во метал“ - кажа раководител на работилницата Ангел  Коруновски, академски вајар.

Скулптурите ќе бидат постаени на јавен простор во градот следната есен. Меѓу учесниците е и прилепчанецот,  Марјан Стојановски академски вајар.

„Создавам дело, портрет во натприродна големина  наловено „обичен човек“.  Го изработувам од техника во која користам мутери, треба да употребам  околу 30 илјади. Многу е интересно делото, ќе предизвика интерес. Местото каде твориме е креативно и инспирира“ - рече Стојановски.

Дамјан Ѓуров дипломиран вајар, доаѓа од Гевгелија. Изработува дело од глина, кое потоа ќе се доработи во бронза. Насловено е „Волос“’ по старословенскиот Бог, по кој градот, Велес,  го добил името.    

„Целиот процес на ова работилница, од почеток до крај, до финалната изработка лиење во бронза ќе биде  во рамките на самата работилница. Тоа е новитет, бидејќи вакви работилници не ми се познати“ - рече Ѓуров.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »