речник контакт

На терен масовно се бере печурка, во пракса издадени само 25 дозволи за прибирање шумски плодови

Влагата и богатиот род ја симнаа цената на печурката

Петар Печков

Мал број на дозволи за берење на шумски плодови  се издадени за првите шест месеци од годинава. Според податокот на ЈП Македонски шуми за ПЕ ,,Бабуна,, половина   година се издадени само 25  дозволи за собирање на шумски плодови и чаеви.   

За нив се плаќа 400 денари, но и задолжително да се приложи договор со откупна станица, каде печурката  ќе се предаде.  И додека од терен доаѓаа информации дека има голем интерес за берба по планините Јакупица, Даутица, Караџица и околината на Јасеново, во пракса се покажува дека бројката е помала.  

Берат цели фамилии, а договор има само еден член, кој целокупниот собран род го предава во Откупниот центар. Потребно е надлежните  да бидат поангажирани овој период, да одат на терен  да види кој се бере печурки – велат легалните берачи од велешко.

ЈП „Македонски шуми“ од април  2013-та година воведе задолжително регистрирање на жителите - собирачи на  шумските производи, но и регистрација на фирмите откупувачи. Ова се случи  откако  македонските планини ги сардисаа  берачи кои нестручно и стихијно береа лековити билки. За лицата кои не поседуваат  дозвола за собирање при вршење на оваа дејност, се пропишани казнени законски мерки, кои се парични. Наместо таа да се сече,  печурката се корне а се чува  и транспортира во вреќа, наместо во кошница, како  што практикуваат дел од новите берачи. 

Планините во велешко повеќе од еден месец   беа освоени  од собирачите на печурки.  Дождовите кои паѓаа во мај  придонесоа  со влагата а потоа   сонцето и топлото време, печурката да ја има во голема количества. Но истата не беше така квалитетна, па немаше и цена.  Но високите температури последните десетина дена, придонесоа бербата за летово да заврши и да продолжи со нов род од септември и октомври.

Се собираше вргањ и лисичарка, јајчарка береа и старо и младо,  секој кој може, со цел да се збогати домашен буџет.   Бидејќи ова е можност да се окрепне домашниот буџет, на берење заминуваа цели семејства - вели Лазар Петров собирач на печурки од велешко. 

Откупот за еден кг  вргањ и лисичарка беше од  120 до  150 денари, додека втора класа вргањ се откупуваше за 80 денари. Оваа цена е за свежа печурка, таа на сушената е далеку повисока, но затоа ќе треба време, печурката да се исуши, па па да се продаде. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »