речник контакт

На теренската вакцинација денес пуштени 75 вакцини, највисок одѕив во Горно Врановци

Беа посетени и Лисиче и Мелница. Утре се вакцинираат жителите на Ораовец и населба Чашка

Петар Печков

Теренската вакцинација против ковид-19 во поширокиот велешки регион продолжи и денес. Беа посетени жителите на селата  Мелница, Горно Врановци и Лисиче.  

Вкупно биле вакцинирани 75 лица и  има одличен одѕив во овие населени места. Најмногу биле вакцинирани во Горно Врановци 39, во Лисиче 29 и во Мелница седум лица.

Истовремено продолжува вакцинација без закажан термин, која се извршува во зградата на Здравствен дом Велес, или Уред. Сите тие  примаат кинески „Синовак“. 

А во вакциналниот пункт во спортската сала на УЗУС се пушта втора вакцина против корона вирусот. 

За утре, четврток екипите од Здрвен дом ќе ги посетата селото Ораовец а потоа и населбата Чашка. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »