речник контакт

На тивката аукција собрани 80 илјади денари, за децата со посебни потреби

Продадени се осум дела, а собраните средства се наменети за Друштвото на лица со церебрална парализа

Петар Печков

На синоќешната тивка аукција, на уметнички дела  изработени од велешки ликовни уметници се продадоа осум и се собраа 80 илјади денари. Тие се наменети за непречена работа на  Сервис за домашна поддршка на лица со попречености, кој работи во Велес и Чашка.

  Им благодaрам на сите кои одлучија да купат уметнички слики и да помогнат во натамошното фукнационирање на овие две наши сервисни служби. Од овие центри нашите  патронажни служби помагаат  на  лица кои не се опфатени во институционално згрижување, не добиваат друга помош и се препуштени само на грижата од најблиските. Најголем дел од нив се постари од 18 години а воопшто не излегуваат надвор од домот. Направивме пионерски чекор, ние бевме први што влеговме во нивните домови, им помогнавме и тоа мора да продолжи – изјави Далиборка Златева претседател на Друштвото на лица со церебрална парализа.

Аукцијата  „Подај рака - уметноста во помош на лица со попречености“ се одржи во Ликовниот салон и беа понудени 18 дела. Непродадените остануваат како донација од авторите за  Здружението. Подарени слики, копаничарски резби и скулптури  имаа од авторите одредена почетна цена од 3  до 18 илјади  денари.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »