речник контакт

На точак низ светот за помалку од 80 дена

Марк Бомот од Шкотска минал 18 илјади милји за 78 дена, 14 часа и 40 минути

Петар Печков

Шкотскиот велосипедист Марк Бомонт го собори досегашниот Гинисов рекорд во однос на пат околу светот, откако мина 29.000 километри за помалку од 80 дена.

Шкотланѓанец возел 18 часа на ден низ Франција, Полска, Русија, Монголија, Кина, Австралија и САД. Неговиот велосипедски маратон заврши пред Триумфалната капија во Париз.

Ме мачеше недостатокот од сон. По долгите недели и часови, во главата продолжив да се борам. Не смеев да застанам, изјави Бомонт.

Патот со велосипед околу светот траеше 78 дена, 14 часа и 40 минути.

Претходниот рекорд му припаѓаше на Новозеланѓанецот Ендрју Николсон кој во 2015 година го стори тоа за 123 дена.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »