речник контакт

На физикална терапија заедно со зависници

Физикалното оддление додека трае неговото реновирањсе, префрлено во Дневниот Центар за зависници. И едните и другите пациенти реагираaт, директорот објаснува двете служби се со различно работно време

Петар Печков

Од почетокот на неделава дневниот третман на пациентите од Физикалното оддление  е префрлен во  просториите на Дневниот центар за зависници.  Со започнувањето нa градежните активноси на реконструкција на Физикалното оддление во Општата Болница од Велес, тоа времено е преместено во Центарот каде зависниците од дрога, ја земаат дневната терапија.  За да нема средби меѓу двете групи на пациенти,  Физикалното оддление започнува подоцна со работа. Но и покрај ова, неговите пациенти реагираат на ваквата состојба.

Како е можно да користиме заеднички простории, заеднички ходник, чекална. Искрено стравуваме како ќе минеме, ако некој пациент кризира. Еве  уште се гледаат парчиња од стакло во ходникот, од  нешто што се случило утрово. А и онака сме стари, ако не удрат ќе не докршат – велат пациентите кои ги имаше околу петнесетина  во тесниот ходник.

Реагираат и зависниците, тои се нарушува нивниот идентитет и приватност. Велат дека сега ќе мораат да доаѓаат до кај 10 часот за да не бидат со пациентите од Физикалното оддление.  Директорот на велешката Болница во повеќе наврати јавно истапуваше дека овој Дневен центар не му е  местото во Болницата и дека локалната власт мора да најде нови простории, оти зависниците се мешаат со останатите пациенти. А згора на тоа во близина на 50-тина метри е основно училиште.

И натаму мојот став е ист, Дневниот центар не му е местото во Болницата, но апелите не стигнаа до општината, која не најде вистинска локација, позиција за него. Што се однесува до префрлањето на Физикалното одделение, тука пациентите ќе примаат дневна нега во терминот од 11 до 21 часот. Зависниците доаѓаат од 8 до 10 часот, подоцна не. Така што нема можност да се сретнуваат. Ова решение е времено, два месеци додека не се изгради ново одделение за Физикална медицина – објаснува директорот на Болницата д-р Атанас Василев.

Во меѓувреме лежечките пациенти од ова оддeление се префрлени повеќето на Нервното а неколку на Ортопедија.  Затоа пак тој се поифали дека по две годишна пауза од почетокот на следниот месец конечно е решано прашањето со кожен лекар во оваа здравствена институција а толку време велешани патува за Скопје. 

Во Болницата започнало двосменско работно време за хируршки специјалистички прегледи, па пациентите  имаат можност да закажуваат и во попладневните часови, како што е случај на Детско, Нервно, Интeрно, Инфектолошко одделение .

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »