речник контакт

На фотографијата со апсењето за атентатот, не е Гаврило Принцип

Фотографијата од апсењето на Гаврило Принцип, фотографирана на 28 јуни 1914 година во Сараево, цел век ја збунува светската јавност

Петар Печков

За две години светот ќе се сети на славната историја на Сараево: ќе се одбележи годишнината на атентатот на престолонаследникот на окупаторската Австро-унгарска монархија Франц Фердинанд и неговата сопруга грофицата Софија Хотек, на Видовден на 28 јуни 1914 година. Едни бескрајно ќе жалат за засекогаш изгасениот сјај на виенскиот двор, други ќе го слават борецот за слобода и противник на феудалната тиранија Гаврило Принцип, а познатата фотографија сликана на тој голем ден, објавена до сега илјадници пати во светот, ќе продолжи да ги збунува сите. Причината е едноставна, наспроти општото мислење дека фатениот човек на објективот, во немилосрден стисок на полицијата, се наоѓа херојот и член на Млада Босна, се работи за германски службеник на монархијата Фердинанд Бер!

Пред само неколку дена грешката се повтори, по којзнае кој пат за еден век. Дојче веле, пишувајќи за Гаврило Принцип ја објави спорната фотографија, со оригинален потпис Апсењето на Гаврило Принцип, а во рубриката Другите пишуваат, ја пренесе и еден наш дневен весник. Грешката и овој пат не се избегна, а зошто, објаснува историчарот Милорад Искрин:

- Оваа забуна се појавила десет години по атентатот. Виенскиот весник Интересантес Блат фотографијата ја објавил со коментар дека се работи за моментот на апсењето на Гаврило Принцип и негово носење во затвор. Дека на сликата не е Принцип, подоцна објаснил токму човекот од фотографијата, Фердинанд Бер - вели професор Искрин.

- Се работи за еден од многуте службеници на монархијата кој работел во Босна. Се спротивставил на бруталноста на полицијата и го бранел Принцип, па и тој бил приведен. Тоа е моментот на фотографијата.

Пред 46 години, Владимир Дедијер се обиде да ја исправи грешката во својата позната книга Сараево 1914 и прв ја објави фотографијата со вистинско и едноставно објаснување: на неа е прикажан Бер, а не Гаврило Принцип. Меѓутоа, вистината имаше мал успех од почетната грешка. Ликот на Бер од фотографијата влезе во илјадници учебници и историски студии и во многу повеќе натписи во новините - како слика и прилика на Гаврило Принцип.

 текстот е преземен од Вечерње новости - Белград

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »