речник контакт

На четврточниот инцидент имало и истрели, а дрвокрадците освен полицајците го демолирале и полициското возило

Десет лица заработија кривични за кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“

Петар Печков

Против десет лица од прилепско поднесени се кривични пријави, по четврточниот инцидент, кога петмина полицајци беа нападнати и натепани од група дрвокрадци. МВР со детали за настанот, кој ја вознемири јавност, од агресивноста на сторителите. 

ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднело  кривична пријава против 10 лица: Е.Е.(28), Е.И.(30), Ф.Ќ.(37), С.А.(40), Ф.Ќ.(43), С.М.(57), Ѓ.А.(21), Р.В.(30), Е.В.(29), И.В.(52), сите од Прилеп, поради основано сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. МВР со детали за инцидентот.

Кога полициски службеници од Полициско одделение Чашка,  вршеле службени дејствија на стариот пат Прилеп -Велес, сопреле за проверка три патнички моторни возила, без регистарски ознаки, при што едното возило избегало. Останатите две возила биле натоварени со огревни букови дрва, кои од страна на полициските службеници биле одземени.  Притоа наишла поголема група граѓани, меѓу кои и десетте пријавени лица, кои почнале агресивно да се однесуваат и игнорирајќи ги усните наредби, со тврди предмети ги искршиле стаклата од полициското службено возило. Првопријавениот со тврд предмет го нападнал полицискиот службеник Д.Ц., а потоа останатите пријавени ги нападнале неговите колеги, по што полициските службеници испукале неколку предупредувачки истрели во воздух и пријавените се повлекле- соопшти МВР.

Десетте пријавени лица се приведени и предадени на обвинителството во Прилеп.

Според информациите од Клиниката за Неврохирургија  од Скопје, поведениот Д.Ц. е во стабилна и свесна состојба, надвор од животна опасност. Тројцата повредени полицајци се пуштени дома,а уште едно лице е во велешка Болница.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »