речник контакт

На четирите факултети во Велес запишани само 51 бруцош

Имаше слободни 240 места, 130 за редовни, останатите за вонредни

Петар Печков

Слаб интерес за упис на прва година на високото образование, на институциите кои работат и  на младите кои настава посетуваат во Велес. Од можни 240 места, што за редовни, што за вонредни   во првиот уписен рок пополнети се 51 од кои за редовни се 44.

Најголем интерес имаше на Факултетот за Информатички и комуникациски технологии  oд Битола со дисперзирана настава во Велес. Таму половината од предвидените места се пополнети. на отсекот  Информатика и компјутерска техника Велес, се  запишаа 24  редовни во државна квота од 50 колку што е планирано да  се запишат. Запишани се  и  тројца вонредни.

На Технолошко- техничкиот факултет  Велес  во државната квота  се запишаа 12 студенти од 40 колку што е предвидено да следат настава и 4 вонредни Овие два факултети се од Битолскиот Универзитет Св. Климент 

На диспензираните студии по сметководство  и ревизија  на Економски факултет при УКИМ во првиот круг  се запишаа  осум студенти во државата квота од  40 колку што има слободни места.  Предавањата на овој факултет  се одржуваат во Економското училиште во попладневните часови.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »