речник контакт

На шест улици од градот се менува фекалната канализација (фото)

Висината на градежните работи е 11 милиони денари, средства од Министерството за транспорт и врски

Петар Печков

Се изведуваат градежни активности за реконструкција на фекална канализација на улиците „Страшо Пинџур“, „Гоце Делчев“, „Никола Оровчанов“ и „Илинденска“ во должина од 400 метри. Реконструкцијата на фекалната канализација е во вредност од 5.8 милиони  денари

Се реконструира и фекалната канализација на улицата „Јовче Ќучук“ и дел од улицата „Орце Шутев“ во должина од 350 метри. Реконструкцијата е со вредност од 5.3 милиони денари.

И двете реконструкции се  финансирани од Министерството за транспорт и врски, со проект  за реконструкција на водоводни и канализациони линии на територија на Општина Велес.

Изведувач на градежните работи на двата проекти  е фирмата „Делта Пром Инг“

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »