речник контакт

На „Сточно пазариште“ физички нападната велешанка, од чантата одземени пари, крадецот уапсен

Приведен велешанец поради прикажување порнографски материјал на малолетничка

Петар Печков

МВР информираше дека е уапсен велешанец, која преку мобилна апликација и прикажувал порнографија на малолетна девојка.

„На 17  февруари во 10 ч. во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Р.Б.(52 год) од Велес. Тој се сомничи дека преку мобилна апликација на малолетничка од Скопје пуштал фотографии со експлицитна содржина. Со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени предмети поврзани со делото“ соопштија од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

МВР информира и за друг настан, кој се склучил петокот доцна навечер. Приведен е разбојник во Велес, кој нападнал жена кај Сточно пазариште, Полицијата го уапсила а украденото е вратено на жената.

„На 17 февруари  во 23 ч. во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Д.(30 год) од Велес. Тој се сомничи дека околу 19.30 часот кај место викано „Сточно пазариште“ во Велес физички ја нападнал С.М.(64 год) од Велес, по што и одзел чанта со пари и лични предмети“ - информираа од МВР.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »