речник контакт

Набавени осум нови инструменти за музичкото училиште „Стефан Гајдов“

ОМУ Стефан Гајдов е најстарото музичко училиште во Македонија

Петар Печков

Општинското основно музичко училиште „Стефан Гајдов“ од Велес набави  нови музички инструменти за  наставата на ученици.Со средства од Општина Велес набавени се четири електрични пијанина, две виолончела и по   една флејта и пијано кое е од  марката Веинбах.

„Наставниците и учениците од основното музичко училиште  можат да учат и да се надградуваат на новите музички инструменти.Уште еднаш се потврди приоритетот на општината, со инвестирање во квалитетот на образованието“ – порачаа од локалната самоуправа.

ОМУ Стефан Гајдов е најстарото музичко училиште во Македонија, запопчнало со работа ноември 1945 а  верифицирано  е 15 јануари 1946 година. Во училиштето настава посетуваат 170 ученици , од прво до деветто одделение. 

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2024?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »