Петар Печков
Објавено: петок, 16 декември 2011
УНИЦЕФ и партнерите ги објавија победниците на натпреварот за едноминутно видео на свеченоста со што се одбележа крајот на заедничката медиумска кампања на УНИЦЕФ и Министерството за образование и наука "Заедно за училишта без насилство.”
Со пораките - “немам време за насилство” “наместо насилство, ние шириме знаење” “победата постигната со насилство е еднаква на пораз” – младите филмски работници беа помеѓу илјадниците деца кои го бараа своето право да учат без страв и насилство.
Во категорија ,,Сѐ почнува од тебе. Биди пример за позитивна промена,, второ место освои велешанката Мирјана Петрушевска, ПОУ Маца Овчарова, а победи Ангелче Милев, ОУ Страшо Пинџур, село Крупиште
Еве го линкот каде можете да го видите ова видео: http://www.youtube.com/watch?v=NbLm6apZLvg
Tweet |