речник контакт

Награда за надобра претстава за „Мац, мац“ на Фестивалот во Приштина

Претставата е во копродукција на Пресврт, Театарот “Јордан Xаџи Константинов Џинот”од Велес и Гете Институтот а во режија и кореографија на Филип Петковски

Петар Печков


Претставата “Мац, мац!” ко-продукција на Пресврт, Театарот “Јордан Јаџи Константинов Џинот”од  Велес и Гете Институтот а  во режија и кореографија на Филип Петковски, ја доби наградата за најдобра претстава на годинешниот Меѓународниот  театарски фестивал во Приштина (Prishtina International Theatre Festival) кој се одржа помеѓу 20 и 26 мај.

На свеченото доделување на наградите, режисерот Филип Петковски изјави дека е радосен што студентите од Приштина ги препознале стилот и естетиката на претставата како релевантни и дека е почестен што фестивалот дал шанса на претставници од независната сцена од Македонија, во која битно место завземаат и студентите, да бидат во официјална селекција со националните театри од регионот.

Во натпреварувачката програма на фестивалот учествуваа Народниот театар од Сарајево, Интегра од Приштина, Ерато Театар и ХНК од Загреб, Експерименталниот театар “Кујтим Спахивољи” од Тирана и Народниот театар од Подгорица. Жирито составено од Фатос Бериша (режисер), Ана Вукотиќ (режисерка) и Амернис Нокшиќи (актерка), додели четири награди односно за најдобро одиграна улога, за најдобро одиграна споредна улога, за најдобра режија и за најдобра претстава, додека награди за најдобра претстава беа доделени и од страна на публиката, како и од жирито составено од новинарите Теута Арифај (АТВ), Лумира Келменди (РТК) и Адриана Пајазити (КултПлус).

По гостувањето во Приштина, претставата наскоро ќе се одигра  и во Скопје, како и на затворањето на Меѓунаордниот  фестивал за алтернативен театар ФИАТ во Подгорица на 14 септември  годинава, кој е од натпреварувачки карактер.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »