речник контакт

Награда за најдобар студент во Велес

Востановена награда за најдобар студент во Велес. Насловена по проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов

Петар Печков

Со одлука на Советот на Општина Велес најуспешниот студент во општината ќе биде награден со награда што го носи името на претставникот на интелектуалната авангарда на Велес и еден од најголемите амбасадори на македонската култура во светот Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов.

Наградата што ќе се доделува еднаш годишно, на свечена седница на Советот на Општината по повод 9-ти Ноември, е во денарска противвредност од 300 евра.

Наградата ќе се доделува на студент од Општина Велес со завршена најмалку втора година од студиите кој постигнал најдобар успех во претходната академска година.

Востановувањето на наградата е за стимулирање на младите успешни генерации на Велес и поттик својот интелектуален капацитет и енергија да го вложат во родниот град.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »