речник контакт

Награда „Петре Прличко“

Благоја Спирковски Џумерко е првиот добитник на нововостановената награда „Петре Прличко“.

Петар Печков

Благоја Спирковски Џумерко е првиот добитник на нововостановената награда „Петре Прличко“.

Таа се доделува на актерите средната класа и за значаен придонес за драмската уметност.

Жирито во состав Младен Крстевски, Југослав Петровски И Зоран Љутков едногласно решиле признанието да му се додели на Џумерко.

- Немавме дилеми за тоа кој ќе биде првиот добитник на наградата „Петре Прличко“. Иако од неодамна Благоја Спиркоски Џумерко е пензионер тој остави длабока трага во македонската глума -изјави претседателот на жирито актерот Зоран Љутков.

Од повеќемина актери кои биле предложени по пат на конкурс, наградата за животно дело Џумерко ќе му биде врачена наредниот период, по претставата „Железното пиле“ во изведба на велешкиот театар „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“ каде тој ја толкува главната улога.

Таа е во вредност од 60 илјади денари, плакета со ликот и монографија на Петре Прличко. Неа ја доделува Општина Велес, велешкиот театар и Здружението на актери „Џинови“. Нивниот мотив да се востанови ова признание е негувањето на делото на Петре Прличко.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »