речник контакт

Наградата ,,Антологија на болката,, за Даница Ивановска Лепојевиќ

Стихозбирката ќе биде издадена од ,,Култура а промовирана на 53-те Рациновите средби

Петар Печков

Даница Ивановска Лепојевиќ за трудот ,, Сјај, страв и  песнии,, ја доби наградата ,,Антологија на болката,, на годинашниве Рацинови средби. Таа со нејзината необајвена стихозбирка конкурирала а жирито од 18-те пристигнати дела, ја оценило  како највредна.   Наградата се доделува  за најдобра и необјавена поетска збирка љубовна поезија од современ македонски поет. 

Ракописот изобилува со лирски, драматично  јасни слики. Стихозбирката се издвојува по романтичарскиот дух  што ја прави поинаква од другите, делото  се истакнува и со драматичност во зборот -  изјави  Катерина Момева  писател, член на жирито, во кое беа и Ана Костовска  директор на издавачка куќа ,,Култура,, и  Елена Пренџова поет.

На конкурсот биел прпистигнати 18 апликации,  а пет  се изземени, не биле дебитатски ракописи, авторите  имаат објавено  поетоски стихозбирки.   Наградата има за цел да ги промовира и афирмира младите автори на поезија, кога таа како жанр се помалку се издава  и чита.  

Наградата ме остави без збор, ме изненади и ми е драго. Не знаев за оваа награда и  кога неодамна прочитав се  одважив и прв пат пратив мое дело во јавност.  Наградата поврзана со Рацин и неговата стихозбирка ,,Антологоија на болката,, ме  поврзуваат спомени од детските денови. Оваа стохозбирка беше репер во моето изразување во животот. Во мојата стихиозбирка имам  вклучено стихови  создадени пред 15 години, повеќето се пишувани  пред две и нешто повеќе  години. Тие го оддаваат мојот  однос кон мојот интимен  живот  - изјави наградената авторка   Даница Ивановска Лепојевиќ.  

Наградата ,,,Антологија на болката,, на авторот  ќе  и биде врачена  на отворањето на манифестацијата  а промоција на книгата во издание  на ,,Култура,,  пред читателската публика е  вториот ден од  53-те Рацинови средби на 10-ти јуни.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »