речник контакт

Наградата Андреја Дамјанов за Михаил Токарев

Меѓу позначајните негови дела е реставрираниот Антички театар во Охрид. Тој е и првиот претседтел на ДЕМ

Петар Печков

           Архитектот Михаил Токарев, пензиониран редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје, ја доби наградата „Андреја Дамјанов“ за животно дело за 2013 година од Асоцијацијата на архитектите на Македонија (ААМ). Наградата се доделува за особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството.

Во своето образложение петчлената комисија што ја донесе одлуката ги набројува неговите дела: издавачкиот проект „100 години модерна архитектура” во три тома, голем број проект-елаборати од широката сфера на заштитата и ревитализација на недвижното културно наследство, учество со авторски текст во макропроектот на МАНУ „Историја на културата на Македонија“ (Архитектурата на почвата на Македонија од средината на 19 до крајот на 20 век), учество во бројни проекти од областа на проектирањето и урбанистичкото планирање и во голем број број јавни и анонимни архитектонски урбанистички конкурси, серија написи во списанието „Порта 3”.

На наше задоволство, набројувањето на се она што го сработил Михаил Токарев и она што го остава како трајно сведоштво од областа на архитектурата е огромно, така што во голем дел може да послужи како убав пример и патоказ, соопшти ААМ. Годинашниот лауреат на престижната награда Асоцијацијата свечено ќе го промовира на 18 ноември во 19 часот во црквата Св. Богородица во Скопје.

Меѓу бројните решенија што Токарев ги  има понудено и реализирано, спаѓа и најзначајна е реставрација на Античкиот театар во Охрид. Михаил Токарев заедно со велешанката Пандорка Никушева се првите основачи на Движењето на екологистите на Македонија.  Во тоа својство, тој се јавува и како уредник на стручно -научните зборници од симпозиумите за заштита на Дојранското, Охридското и Преспанското езеро.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »