речник контакт

Наградата за животно дело во стрипот, за ликовниот уметник Коле Манев, кој пред 60 години цртал стрипови во „Наш Свет“ (фото)

На јубилејниот 20 стрип салон, беа доделени и нагрaдите од меѓународниот конкурс. Првата награда „Златен стрип“ и парична награда од 300 евра добија авторите Марко Стојановиќ, Милорад Вицановиќ и Аљоша Томиќ од Србија и БИХ за стрипот „Аут“

Петар Печков

Ликовниот уметник Коле Манев е добитник на признанието за животно дело во стрипот  „Љупчо  Филипов“. Тоа му беше врачено на отворањето на 20 стрип салон во Велес, за придонесот на Манев за развој и афирмација на македонскиот стрип.

„Можеби оваа одлука ќе ве изненади, но неговиот придонес е огромен. Тој во детското списание„Наш Свет“ на почетокот од 60 години работел стрипови, цртал, што тогаш бил пионерски чекор. Тогаш стрипот беше оспоруван, жигосуван, како „западен шунд“ а Манев го работел, го цртал“ - кажа Ване Трајков претседател на Стрип центарот на Македонија.  Манев се потсети за неговите почетоци во оваа уметност.

„Започнав да цртам од економски причини. Како ученик во средно училиште, освен тоа што го добивав од семејството како џепарлак, да заработувам дополнително средства за излегување. Отидов во Детска радост, во тоа време, почетокот на 60 директор беше Славко Јаневски, Димитар Кондовски беше вработен, доаѓаше Блаже Конески, таму беше Симон Дракул. Се понудив, ако сакате , ако име место да цртам нешто. Славко ме праша дали знам. Кажав дајте текст, ќе го илустрирам, па оценете. Ми дадоа текст, по неколку дена се вратив, тие изненадени од цртежите, од композицијата, беа воодушевени. Васил Куновски го уредуваше неделникот Наш Свет и рече дека него му требаат такви илустрации, стрипови. Така започнав. Благодарејќи на тие луѓе за ја завршив средната школа за примената уметност во Скопје и потоа академијата во Белград.      Голема благодарност  на овие луѓе кои ми испраќаа текстови во Белград, јас ги цртав и илустрирав, правев стрипови а од добиените пари која беше пристојна , можеше да се живее се школував“ - кажа Манев.

Тој го напомена Петар Глигоровски, кој почнал да црта пред него и вели бил прв автор. Цртал стрипови под влијание на Волт  Дизни.  Во прилог на раните трудови на Манев, неколку стрипа, во оригинално издание од пред 60 години, издадени во списанието „Наш Свет“ беа изложени во Европската куќа, каде се одвиваше отворањето ана манифестацијата. Тоа беа стриповите за Страшо Пинџур, за Карпош и за Самоил.

На јубилејниот 20 стрип салон, беа доделени и нагрaдите од  меѓународниот конкурс. Првата награда „Златен стрип“ и парична награда од 300 евра добија авторите Марко Стојановиќ, Милорад Вицановиќ и Аљоша Томиќ од Србија и БИХ за стрипот „Аут“. На конкурсот бил пријавен 171 стрип од 21 држава.

Истовремено се одржува и стрип колонија со учество на стрип автори до Вишеградската група Полска, Чешка, словачка и Унгарија, како и од Србија, Косово и Македонија. Тие работат во куќата на Касапови. Стрип салонот и стрип колонијата асе финансиски поддржани од Општина Велес,  Министерството за култура и Владите на Вишеградска група.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »