речник контакт

Наградените од Детските Рацинови средби одмараат во Охрид

Дваесет и пет деца, телентирани млади поети престојуваат десет дена во одмаралиштето ,,радости,, во Охрид

Петар Печков

Млади и надарени поети, основци од Република Македонија кои се наградени на годинешниве Детски Рацинови средби, десет дена престојуваат во детското одмаралиште “Радости” на брегот на Охридското Езеро. Освен овие дваесет деца, на одмор се и пет деца, млади поети од дијаспората, од Албанија, Швајцарија, Австралија, Канада и Србија.

Децата, освен што ќе одмараат, тие и ќе творат инспирирани од прекрасниот Охрид. Очекувам дека ќе создадат одлични дела со кои што ќе се гордееме и ќе ги сочуваме. Станува збор за талентирани поети коишто овој период ќе надградуваат. – изјави Десанка Николова, организатор на летувањето, член на организациониот одбор на Детските Рацинови средби.

Летувањето е финансиски поддржано од Сојузот за грижа и воспитување на деца од Р.Македонија. Ова е втора година како наградените учесници од поетската манифестација за најмладите во земјава, како награда за нивниот труд добиваат бесплатно летување заедно со децата поети од дијаспората

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »