речник контакт

Награди за вината на „Стоби“

Злато и две бронзи за винарија Стоби на Балкански вински натпревар, кој се одржа викендот во Софија

Петар Печков

Виното „сирах 2011“, на винаријата „Стоби“, доби злато, а „вранец веритас 2011“ и „шардоне барику 2012“ од истата винарија, сребро на Меѓународниот балкански вински натпревар, кој се одржа во Софија.

„Тоа што квалитетот на вината е оценуван од вински експерти и сомелиери со светско реноме, ја потврдува тежината и важноста на награда. Тоа прави вината на „Стоби“ да бидат барани на европските пазари, препознатливи и ценети, што е придобивка и за нас како винарија, а и за Македонија како вински регион“, вели Дане Јованов, директор на Винарија Стоби.

Вината на „Стоби“ се натпреваруваа во конкуренција од над 300 вина од сите балкански држави, а оценувачи на квалитетот беа познати сомелиери и вински експерти од светски ранг.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »