речник контакт

Награди за најдобрите на Детските Рацинови средби

Младите поети засадија 20 садници туја во Градскиот парк

Петар Печков

Доделени се наградите од  50-тите јубилејни Детски Рацинови средби. 

Највисоките признанија  Гран при ги добија  за литература  Марија Андевска 9  одделение од  ООУ „Аврам Писевски“ –Бардовци, Скопје а кај ликовните дела Бранкица Чучурска прва година ОСУ„ Ацо Русковски“  Пехчево.

На конкурсот на тема „Мојот град моја инспирација “ учествувале со свои литературни творби 250 ученици од основно и средно  а кај ликовните дела 50 ученика. 

Во Градскиот парк, учесниците   засадија  20 садници  дрвја- туја додека во сокачето на  поезијата, пред родната куќа на поетот Коса Солев добитниците на наградите ги читаа своите дела.  

За утре петок  е најавен поетски карван по училиштата низ Велес, со читање на поезија   и  промоција на книгата за млади и деца  ,,Марта,, од Горјан Петревски.  Организатор на Детските Рацинови средби е Клубот на писатели ,,Коста Солев Рацин,, од Велес а финансиски помогнат  од Општина  Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »