речник контакт

Награди на „Стоби 2006“

Познати се добитниците на наградите од 5-тиот Меѓународен фестивал на античка драма „Стоби 2006“

Петар Печков

Гран при наградата за најдобра претстава ја доби „Златното руно“ украинско-бугарска копродукција на театрите „Колосео“ од Киев Украина и на театарот „Рачо Стојанов“ од Пловдив Бугарија. Жирито сметаше дека тоа е сложена драмска структура со колективна игра во која двата ансамбли иако од различни простори и јазици, функционираат како целина. Двоецот режисери Ирина Клишевска од Украина и Димо Димов од Бугарија се добитници на наградата за режија, иако од различни школи, култури и традиции одлично ја вклопиле претставата „Златното руно“. Наградата за машка улога ја доби Вахидин Прелиќ за Пилад ( со д) во истоимената претстава на театарот од Ужице -Србија, додека за женска ролја е наградена Зорица Панчиќ од велешкиот театар за улогата на Поликсена во претставата „Дом за птици“. Ова е одлуката на жирито во состав Катина Иванова, Кирил Ристевски и Стојан Стојановски, кој објавувајќи ги наградените рече дека сите одлуки биле едногласни, без дилеми. Специјална награда од публиката освои Весна Димитровска за улогата во велешката претстава „Дом за птици“. Според организаторот настанот, четирите претстави го следеле 17 илјади посетители. Во последен момент откажале Грците со „Тројански жени“ а органзиаторот не сакаше да ги каже причините за ова.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »