речник контакт

Наградите од Стоби за Електра на МНТ

Електра со три статуетки ,,Афродита,, за претстава, за режија и женска ролја додека за машка наградата оди во Турски театар Скопје

Петар Печков

Статуетките ,,Афродита,,  награди на Фестивалот на античка драма ,,Стоби,,   повеќето од нив  завршија    во рацете на  екипата на ,,Електра,, дело на МНТ, додека една  отиде во Турскиот театар од Скопје.  

Ова е одлуката на жирито на фестивалот  во состав Катерина Коцевска  претседател и Јордан Витанов и Александар Ѓоргиев членови. Тие едногласно и без многу дилеми ги донеле одлуките за наградите на 14-тото издание на Фестивалот.  

Имавме задоволство да  гледаме седум одлични претстави. Со својата моќност и  уникатност  се издвои претставата ,,Електра,, на МНТ   како со единствениот режисерски печат, така  и со силната актерска изведба.  Таа ја доби  наградата  Гран при за  најдобра претстава, додека наградата за режија ја добива Андреј Жолдак  а за женска улога Дарија Ризова, како Електра, додека за машка улога ја доби  Селпи Керим за ликот на Прометеј, во  истоимената  претстава на Турскиот театар  од Скопје - рече Коцевска.

Жирито ја издвои Електра поради  режијата, сценскиот текст,  концепт на светлосен дизајн на Андреј Жолдак и актерските ролји на ансамблот.  За организациониот одбор Фестивалот е успешен, со најголема конкуренција, најинтересни моќни претстави и продукции на програмата кои досега гостувале на Фестивалот.  

Седумте претстави во натпреварувачкиот дел на  ФАД Стоби  годинава се одржаа во зградата на новиот театар, поради тоа што  театарот во античкиот локалитет Стоби се реставрира.    Наградите на добитниците ќе им бидат врачени вечерва (вторник)  а во нивна чест велешкиот театар ќе ја изведен претставата ,,Кралот Иби,, во режија  на Андреј Цветановски а по текст на Алфред Жари.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »