речник контакт

Надеж дека Стојанче може да се излекува во Кина

Потребните 15 илјади долари за семејството Димовски е преголема финансиска обврска

Петар Печков

Единаесет годишниот  Стојан Димовски боледува од церебрална парализа и стастична мускулатура. Поради ова не може да се движи сам, без придружба.  Досега Стојанче бил на повеќе третмани, бански лекувања, како и на оперативни зафати на тетивите.

Нова надеж за подобрување  на неговата здравствена состојба дошла од Меѓународната Болница Жинг Франг Ред крос од Кина која се бави со алтернативна медицина. За неговото патување и тримесечно лекување потребни биле 15 илјади долари, средства кои неговите родители со скромните примања не можат да ги покријат.

Ова е надеж за нас дека на  Стојанче може да му се подобри состојбата. Се обидовме преку Фондот за здравство да се покријат дел од трошоците, но тие не информираа дека не одвојуваат средства кога е во прашање алтернативна медицина. Имаме упатено барање до Министерството за труд и социјална политика, чекаме одговор од таму – вели неговата мајка Македонка Димовска. 

Стојанче Димовски од оваа учебна година го посетува ПОУ Маца Овчарова  иако до петто одделение учеше во ОУ Св. Кирил и Методиј.Поради кабинетската настава тој сега е спречен да оди во училиштето кое му е на само педесетина метри, оти не може да се движи без придружба. 

Тој им е благодарен на поддршката која му ја даваат наставниците и другарчињата од двете училишта. За лекувањето и патувањето до Кина отворени се денарска и девизна сметка за донации, како и донаторски броеви на мобилните оператори, на кои хуманите луѓе можат д помогнат.

Неговите родители велат дека секоја парична помош е добредојдена а се обрателе до неколку приватни фирми во градот.  Им останува рок до месец декември семејството Димовски да ги собере потребните средства а со тоа да остане и надежта дека нивниот син Стојанче ќе оди на лекување во Кина.  А кога ќе се врти да продолжи со учење во неговото старо училиште и со старите другарчиња во Св. Кирил и Методиј.

Донаторски броеви
ВИП - 077 143 705
Т-МОБИЛЕ - 070 143 105

Трансакциски сметки -
Денарска - 200002631002093
Девизна - 0026311459

 автор на текстот Бојан Нанев од ТВ Здравкин

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »