речник контакт

Надлежните бараат разбирање за сметот од градот

Причина снегот и ниските температури

Петар Печков

Вонредните временски услови го оневозможија редовно извршување на услугата за собирање и транспортирање на отпад во ноќните часови. Ова беше причина  локалната власт и ЈКП Дервен да  побараат разбирање од граѓаните. 

Заради тешката пристапност до високите зони во градот и проблемите во функционирањето на возилата за собирање на отпад во услови со екстремно ниски температури се создадоа купови со отпад на локациите за складирање на отпад и околу контејнерите.

Се врши дневна координација помеѓу надлежните служби во Општина Велес и ЈКП Дервен и веќе се создадени услови за собирање на отпадот во текот на денот во ниските зони во градот, но сепак во отежнителни околности.

Општина Велес упатува апел до граѓаните да имаат разбирање за состојбата. 

Остануваме посветени на активностите за заштита на животната средина и унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »