речник контакт

Надојдениот Бањички поток зема жртва, десетгодишно девојче од селото Бањица

Телото на детето било пронајдено утрово, 300-400 метри подалеку од селото

Петар Печков

По 24 часовна потрага пронајдено е телото на десетгодишното девојче од велешкото село Бањица, кое исчезна вчера претпладне.   Ешуриме Беќирова исчезнала во надојдените води на Бањичкиот поток, неделата околу 9ч. а во СВР Велес настанот бил пријавен половина час подоцна.  Безживотното тело на девојчето било пронајдено утрово, понеделник околу 8ч. од страна на роднините, во надојдениот поток, 300-400 мети подалеку од селото . 

Дежурен  доктор беше на лице место и можеше да констатира дека девојчето е починато - изјави д-р Страхил Тодоров, портпарол на Итната служба при ЈЗУ Здравствен дом Велес. 

Во текот на вчерашниот ден, од 10 до 17ч., до кога можело да се работи на терен поради видливост, биле екипи на  тим за спасување од вода при поплави на ДЗС- Велес и пожарникари на ТППЕ -Велес, како и механизација од локалната власт.

Но нивните претраги беа безуспешни. На местото на настанот е увидна екипа на СВР Велес,  чија истрага треба да кажа како детето завршило во надојдениот поток.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »