речник контакт

Надојдениот Вардар му се заканува на мостот кај Башино село, кој иако е опасен по безбедноста на возилата, ниту се санира, ниту се гради нов

Постојниот мост е стар 52 години, изграден од ЈНА во 1971 година како времен

Петар Печков

Оваа пролет, со  надојдените води на реката Вардар повторно мостот за влез во Велес, кај Башино село е закана за возилата  кои го користат.   Летото 2018-та  стручњаците од  Заводот за испитување на материјалите во соработка со Градежниот факултет  од Скопје констатираа  дека е потребно итно да се направат одредени санации на мостовската конструкција, да не се доведе во прашање  статичката стабилност.

До денес ништо не е случено, ниту се изведени некакви градежни активности и санација.  Градоначалникот на Велес, Марко Колев вели дека механизацијата месецов таму е постојано присутна.

„Секој втор ден се чистат носачите на мостот од наносите на стебла кои реката  ги носи со себе. Проблемот е актуелен 5-6 години, но досега нема никаква разрешница.   Ветувања од централната власт дека мостот ќе се реконструира,  за жал до денеска немаме никаков одговор. Пред шест месеци наводно се распишал некаков тендер но  немам никаква информација за него“ - кажа градоначалникот Колев.

Според експертизата на градежните стручњаци потребно е да се санираат столбовите на  мостот  кои биле напукнати, да се заштити арматурата која е сериозно оштетена од корозија, да се реши одводнувањето на мостовската конструкција,  да се замени асфалтниот  а санацијата  не  би било  трајно решение. Минатата година во април,   министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, одговарајќи на прашање за мостот кај Башино село најави  изградба на нов мост, за што биле обезбедени средства од ЈП за државни патишта. 

Од ЈП за државни патишта потврдуваат дека мостот е во лоша состојба, но нема прецизен одговор кога би почнала изградба на нов мост.

„По направениот увид на лице место на мостот на река Вардар во Башино село, заедно со консултанти/професори од Градежен факултет констатирано беше дека мостот е во лоша состојба поради што се предвиде изградба на нов мост. Во овој момент ЈПДП ја има подготвено проектната програма и следна фаза која наскоро ќе започне е спроведување на јавна набавка за избор на проектантска куќа за подготовка на проектната документација“ - соопштија од ЈПДП.

Постојниот  мост е стар 52 години, изграден  од ЈНА во 1971 година   како времен, во должина од 101 м.   Тоа е армирано бетонски полумонтажен тип.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »