речник контакт

Намален е бројот на сообраќајки, но и жртви и повредени лани во велешко

Од полицијата намалувањето на сообраќајките, жртвите и повредените го припишуваат на превентивните активности кои ги презеле

Петар Печков

За 10 отсто намален е бројот на сообраќајни несреќи во велешко минатата година, споредено со 2023.

Бројките кои ги објави СВР Велес, за подрачјето на град Велес, општините Чашка и Градско, дека бројот е помал за 29 сообраќајки. Намален е и бројот на повредени и жртвите.

„Во 2024 година случени се вкупно 278 сообраќајни незгоди, во кои кај 5 лица како последица на сообраќајната незгода настапила смрт, 181 лица се повредни од нив 39 лица со констатирани тешки телесни повреди и кај 142 лица констатирани се телесни повреди. Во 2023 година случени се вкупно 307 сообраќајни незгоди, во кои кај 6 лица како последица на сообраќајната незгода настапила смрт, а 218 лица се повредени, кај 24 лица констатирани се тешки телесни повреди и кај 194 лица констатирани се телесни повреди. Или лани има намалување од 10 отсто сообраќајки“ – соопшти Биљана Ѓаковска портпрол на СВР Велес.

Од полицијата намалувањето на сообраќајките, жртвите и повредените го припишуваат на превентивните активности кои ги презеле, за советување на учесниците на сообраќјот, и на возачите и на пешаците.

„Најдобар показател за ефикасноста на реализираните превентивни активности, работилници, предавања се податоците за опаѓање на бројот на сообраќајки, жртви и повредени. Лани се реализрани 158 настани поврзани со едуакицајта на учесниците во сообраќајот, возачи, пешаци. Ги едуциравем децата, учениците за одење и враќање од школо, ги запознававме со сообраќајните првила и прописи. Ги едуциравме и матурантите, земјоделците како да управуват со земјоделски машини. Преку непосредна комуниакција укажувавме на опасности во сообраќајот“ – кажа Ѓаковска. Таа додаде дека делат и печатени флаери изработени од Републичкиот за совет за безбедност во сообраќајот.

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »