речник контакт

Намален е вкупниот број на кино посетители во Велес

Утешно е што пораснал бројот на гледачи по прикажан филм

Петар Печков

Минатата година во Велес  имало  5.517 посетители, кои посетиле  861 кинопретстави, при што биле прикажани 98 филмови. Споредено со 2024 година, намален е бројот на гладачи, на одржани кино претстави и  на прикажани филмови. Но ако има некаква утеха, пораснал бројот на гледачи по еден филм, од  51 во 2024 година, на 56 лани. Просекот е ист, само шест гледачи по филм.  

Слична е состојбата и со кинопосетеноста во кината во земјава. 

Ланската година во македонските кина има помалку прикажани филмови, помалку кино проекции и помал број на вкупно гледачи, иако просекот на гледачи по филм и по претстава е повисок од 2024 година. Ова го покажуваат бројките кои ги објави Државниот завод за статистика. 

Во бројки, лани се прикажани 992 филма, наспроти 1042 во 2024, изминатата година имало  одржано 12.057  кино претстави  а година дена претходно 13.837. Тоа  резултирало со помал  вкупен број  гледачи 299.560 а во 2024 биле 334.479. Просекот пак покажува дека во македонските кина на една претстава присуствувале 25 лица а година дена претходно 24. Или минатата година еден филм е гледан од 337 гледачи а во 2024 имало 320. 

Намалениот интерес за кино претставите предизвика дистрибутерите да го намалат бројот на откупени филмови.   

Во броењето на кино публиката во Македонија,  Државниот завод за статистика ги користел  добиени податоци од 17 кино сали, што е повеќе од една од 2024 година.

Најмногу публика имало во општина Карпош, каде е седиштето на Синеплекс со кино сали во  Сити мол.  Во оваа општина е и Кинотека на Македонија, која има редовна кино дејност.  Лани во оваа општина имало 246 380 гледачи, со 8.880 кино претстави и 404 прикажани филмови. Тоа се  28  гледачи по претстава, со   610  публика по филм На второ место е киното во Битола,   со 24.775 посетители, 349 кино претстави и 131  прикажани филмови. Овој град има висок просек на гледаност со по 71  гледач по претстава или 189 по филм. 

Од градовите кои имаат организирано кино прикажување следат Штип, Кисела Вода и Велес, каде работи Киноверзум. 

Наспроти овие градови, во Охрид бил прикажан еден филм кој имал 84 гледачи,  Гевгелија два со 40 гледачи, додека  Крива Паланка  три филма со 114 гледачи. 
Висока просек имаат три града каде нема редовна кино дејност, се прикажуваат филмови  инцидентно а забележана е висока посетеност за македонски  прилики.  

Лани во Свети Николе биле прикажани шест    филма во просек ги гледале 113 гледачи.  Исто толку гледачи имало и во Струмица по 113  но за пет прикажани филма. Во Струга седум  прикажани филма ги виделе во просек по 72 гледачи.  

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »