речник контакт

Намалена таксата за просторот пред кафе баровите

Советот на општина Велес реши комуналната такса за користење на просторот пред деловни простории да се намали на 5 од 10 денари од метар квадратен колку што досега изнесуваше. Но тоа не пречеше некои од кафетериите цела зима да работат незаконски.

Петар Печков

Со анализирањето на наплатата на комуналната такса за користење на просторот пред деловни простории, констатирано е користење на простор без одобрение, негово поголемо користење од пријавеното, како и за период за користење поголем од периодот за кој е извршено плаќањето. За надминување на ваквите состојби усвоено е  намалување на износот на таксата.

Со вака утврдената комунална такса се предвидува корисниците на пред просторот реално да ги пријавуваат површините кои ќе ги користат како и реално да се пријавува времетраењето на користењето на пред просторот. Тоа пак ќе придонесе да не се осети намалување на приходите во буџетот на општина Велес по основ на наплата на комуналната такса за користење на просторот пред деловни простории. Советниците пак со забелешки на работата на локалните инспекции што дозволиле  цело зимо, незаконски поставените тенди пред некои кафетерии да работат, иако тоа не е законски. На тој начин сопствениците собирале приход а не плаќале ништо на општината, што ги доведува во нерамноправна положба со останатите сопственици на кафетерии, кои го почитуваат законот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »