речник контакт

Намалувањето на цената на суровото масло и сончогледот на светските берзи , придонесе да се намали цента на маслото за јадење во земјава

За половина година цената падна од 160 на 110 денари за литар

Петар Печков

Се намалува цената на маслото за јадење. Откако достигна до 160 денари, таа бележи опаѓање. Деновиве може да се набави еден литар и за 110 денари. Тоа  се должи на падот на светските  берзи, објаснуваат од велешката фабрика за масло, единствен производител на масло од сончоглед во земјава. Оваа индустриска култура ја имало во изобилие на пазарите во соседството.  

„Со новата реколта  на родот од сончоглед, цената на маслото за јадење паѓа на светските берзи континуирано. За шест месеци таа падна за 25 отсто. Има големо количество на сончоглед од Србија, Бугарија, од Украина. Има доста и сурово масло за јадење.  Годинава понудата е поголема од побарувачката и разбирливо е што цената паѓа“- кажа Горан Лазов директор на велешка Маслодајна.

Годинава и  во Македонија имало род од рекордни 10 илјади тони, што е најмногу последните десетина години. Истиот заврши во силосите на Маслодајна како единствен преработувач на сончогледот во Македонија. Тоа исто така влијае на пониската цена. Овој тренд на намалување на цената на маслото, според производителите ќе потрае до пролетните месеци, до кога е извесно дека не се очекуваат повисоки цени.

„И во Македонија имаме сериозно зголемување на родот на сончоглед. Ако лани имаше 3,8 илјади годинава е повеќе од 10 илјади“- додава Лазов.

Најавената Владина помош поради високата цена на струјата, производителите на масло за јадење ја поддржуваат и велат дека е добредојдена и била одлична.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »